Гутереш: Бројката на жртви од ковид-19 е застрашувачка

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е „застрашувачка бројката” на луѓе кои починале од последици од ковид-19.

Неговата изјава уследи откако беше објавено дека бројот на починати во светот од последици од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица. Со ковид-19 досега се заразени над 33,26 милиони луѓе ширум светот, а од последици на ковид-19 починаа 1.000.010 лица.

Тој нагласи дека е неопходно сите земји во светот да се обединат во борбата против новиот коронавирус.

– Важно е одговорното политичко раководство, науката е важна, соработката е важна, а дезинформациите се смртоносни. Додека се потсетуваме на жртвите од пандемијата, мораме да запамтиме дека нашата иднина се заснова на солидарноста помеѓу луѓето и на солидарноста помеѓу народите, посочи Гутереш. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот