Гутереш бара поголема борба против насилството над жените

Антонио Гутереш/Фото: EPA-EFE/PASCAL BITZ / WEF HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

 Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, на отворањето на 65. седница на Комисијата на ОН за статусот на жените, повика на борба против насилството врз жените.

Пандемијата со коронавирусот имаше повеќе штетни последици врз жените отколку кај мажите, проценува Гутереш, акцентирајќи ги губењето работа, сексуално злоставување или склучување брак на малолетнички.

Жените се на чело на само 22 земји. Со сегашното темпо, паритетот на ниво на шефови на влади нема да се постигне пред 2150 година, рече тој.

Според него, епидемијата „им дала на мажите уште една можност да го монополизираат донесувањето одлуки”.

– Трошиме милијарди долари на оружје што не штити, а истовремено го игнорираме насилството што го трпи секоја трета жена во светот, додаде тој.

Гутереш повика 193 земји-членки на ОН да „усвојат план за вонредни мерки за борба против насилството врз жени и девојчиња”.

На седницата на Комисијата треба да се донесе декларација со која се повикуваат на повеќе мерки против сексуално вознемирување жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот