Гутереш бара итно смирување на тензиите во североисточна Сирија

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска апелираше за итно смирување на тензиите предизвикани од турската офанзива во североисточна Сирија.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик истакна дека генералниот секретар на ОН побарал од сите страни да ги решат своите разлики по мирен пат.

Гутереш изразил и „сериозна загриженост” поради последиците од евентуалното ненамерно ослободување на борците на екстремистичката Исламска држава, како резултат на воените операции.

Дижарик посочи и дека шестдневните борби „резултираа со голем број цивилни жртви и раселување на најмалку 160.000 цивили.

Тој додаде дека „секоја воена операција мора во целост да го почитува меѓународното право” и да бидат заштитени цивилите и цивилната инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот