Густата магла повторно пренасочи авион од Белград во Дубровник

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Авион на германската компанија „Луфтханза“ на линијата Франкфурт – Белград денес попладне непланирано слета на аеродромот во Дубровник поради густата магла во Белград.

Директорот на аеродромот Дубровник, Драно Луетиќ, рече дека дел од патниците одлучиле да се вратат во Франкфурт, а дел симнале од авионот и се враќаат кон другите дестинации од кои пристигнале.

Како што наведуваат хрватските медиуми, ова е веќе вторпат за два дена некој авион да слета во Дубровник наместо во Белград. Вчера, авион на норвешка компанија на линија Осло-Белград слета во Дубровник наместо во српскиот главен град, исто така поради магла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот