Густ снег и обилни дождови ја парализираа Австрија, евакуација на населението во повеќе региони

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Поради обилен снег и дожд денес се затворени училиштата и повеќе патишта во одредени делови на Австрија. Пожарникарите успеаја да спасат две жени чии домови се уништени во одрони во близина на Салцбург, за потоа тие да бидат хоспитализирани.

Повеќе од 30 луѓе се евакуирани од своите домови во покраината Штаерска поради стравувања за лизгање на земјиштето, а жители на петнаесет згради во Корушка се евакуирани поради можност за излевање на реката Гурк.

Утринава две илјади домови во источен Тирол останаа без струја, пренесе „Дојче веле“.

На италијанската страна, во јужен Тирол владее хаос, а Венеција и понатаму е под вода по големите поплави.

Снегот во Австрија започна да паѓа минатата недела, но неговиот интензитет се засили за време на викендот. Во Франција снежната бура веќе однесе еден живот, а во Велика Британија исто така се забележани поголеми поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот