Ѓуровски: Високото образование треба да бидеме меѓу првите три високи приоритети во јавните политики

Студент / Фото: Слободен печат. - Драган Митрески

Пред магистрантите и докторантите на Факултетот за безбедност-Скопје денеска се обрати проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски со што се означи почетокот на новата академска 2020/2021 година на студиите по втор и трет циклус, соопштија од Универзитетот.

Поздравувајќи ги студентите во име на Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Сашо Коруновски, од страна на Ѓуровски беше изнесена информацијата дека Универзитетот „Св.Климент Охридски„ подготви посебна стратегија за реализација на наставата во услови на пандемија која преку еден хибриден модел на пристап и во најголемиот дел онлајн работење на прв, втор и трет циклус на студии, со уверување дека ќе одговори Универзитетот успешно во совладувањето на наставните содржини и практики и при тоа го заштити здравјето на студентите, професорите и административниот кадар на високо образовните институции.

– Конечно поради пандемијата, уверен сум дека многумина ќе размислат за значењето на високото образование и насушната потребата од некои професии во државата- доктор, информатичар, но и припадник на полицијата, армијата, разузнавачката заедница и др. Меѓу другото, пандемијата покажа дека по медицинските и информатичките науки, науката за безбедност и управување со кризи се иднината на светот, а вие сте направиле вистински чекор, затоа што технологијата го движи светот, но безбедноста го чува светот и државата од нови ризици и закани, а со тоа и човековото живеење и секојдневно битисување, нагласи Ѓуровски.

Според него, високото образование треба да бидеме меѓу првите три високи приоритети во јавните политики, кај ресорното Министерство за образование и наука. Додаде дека културата на конкурентност е слаба точка во нашето општество, и клучниот елемент за нејзино градење во нашата држава е интернационализацијата на поединците и институциите која може да се добие преку Еразмус плус програмата на Универзитетот.

– Еразмус плус програмата искористете ја веднаш по завршувањето на првата година од вашето студирање. Најпосакуваното сценарио е образовните институции да станат мрежи во општеството, да бидат заедници на наставата, науката, практика, да бидат најпосакуваните место во општеството, најпосакуваните места во локалната средина. За такви институции, се потребни луѓе со поинаков поглед на иднината. Се потребни примери, како што денес се случува тука и од вас треба да произлезат, заклучи Ѓуровски.

На свечениот прв академски час на втор и трет циклус на студии на Факултетот за безбедност-Скопје говореше и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски и раководителите на студии. Свеченоста која се реализираше на отворено со целосна примена на протоколите за заштита, заврши со поделба на студентските индекси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот