Гурмански викенд: Кето плескавици, ручек што не дебелее

Фото: Unsplash

За викенд сакате да се почестите со еден голем вкусен бурер, но сепак не сакате да претерате со калориите. Сепак за да ја исполниме вашата желба креиравме неодоливи кето – плескавици кои се совршени за целото семејство.

Состојки:

 

  • 500 гр мелено месо по ваш избор (она што обично го користите)
  • 1 мал кромид
  • 1 цело јајце
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка бибер
  • 1 лажичка сушен лист од магдонос
  • лажичка лук во гранули или во прав
  • 1 лажица брашно од ленено семе (кокосово, бадемово)

Подготовка:

 

Исечете го кромидот, додајте го месото, зачините и брашното, па сѐ добро со рака измешајте. Оставете малку да отстои и потоа обликувајте ги плескавиците. Добивате девет парчиња со големина на дланка. Наредете ги плескавиците на голем плех во кој сте ставиле хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Секоја плескавица попрскајте со неколку капки маслиново масло. Печете ги плескавиците помеѓу 50 минути и еден час, во зависност од тоа колку печени ги сакате. На почетокот ќе пуштаат вода, а потоа убаво ќе се печат.

Потоа само тргнете ги од хартијата и послужете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот