Гурмански викенд: Бургери од туна и компири

Unsplash
Unsplash

Плескавицата е основата на еден добар бургер, но овој викенд искористете го времето за малку поинакво уживање. Израдувајте ги домашните со вкусни домашни бургери, но овојпат пат класичната плескавица заменет ја со плескавица од туна и компири.

Состојки:

– 500 г компири
– 160 г конзервирана туна
– ¼ кромид
– 1 јајце
– 4 лажици магдонос
– црвен пипер
– сол
– лебни трошки

Подготовка:

Излупениот и исечкан на коцки компир варете го во врела солена вода 15 минути. Исцедете го и изгмечете го. Во пирето додајте ги ситно сечканиот кромид, црвениот пипер, малку сол, туна, јајце и магдонос, па сè добро измешајте да се соединат состојките. Потоа додајте ги лебните трошки и повторно измешајте. Поделете ја смесата на осум еднакви делови, па секој дел обликувајте го во плескавица. Пржете ги во згреана грил – тава со малку масло од двете страни да поруменат. Послужете ги со прилог и печиво по избор.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот