Ѓуриќ пристигна на Косово, добил дозвола од косовската влада

Експрес

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска влезе во Косово.

За весникот Експрес, во одговор на Министерството за надворешни работи, беше потврдено дека косовската влада му дала дозвола за влез во Косово.

Последен пат кога Ѓуриќ беше на Косово, тој беше уапсен од специјалните полициски сили бидејќи влегол без дозвола и тоа предизвика хаотична ситуација на северот од земјата.

Инаку, Ѓуриќ денеска ќе инаугурира комплекс на базени наречени „Рајска Бања“, кој се наоѓа во Општина Звечани, односно во Бањска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот