Ѓуриќ: Курти од ден во ден потврдува колкава опасност претставува за стабилноста на регионот и Европа

Кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти, од ден во ден потврдува колкава опасност претставува за стабилноста на регионот и европа воопшто, посочи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Марко Ѓуриќ.

Според Ѓуриќ, главна цел на Курти е „нанесување штета на Србија и српските национални интереси“.

– Тој по диктаторските рецепти од 30-тите години на минатиот век го обесмислува принципот на мирно решавање на кризата и дијалогот, порачувајќи дека не сака разговори со Белград, туку дијалог за дијалогот, што е еуфемизам за целосно исклучување на дијалогот – оцени Ѓуриќ.

Тој смета и дека „се потсмева“ со меѓународната заедница и нејзините обиди да помогне во создавање зона на стабилност и безбедност на западниот Балкан, што „засега му успева и проаѓа без какви било санкции“.

– Негова јасна намера е во што поголема мера со своите фашистички пораки и потези да ги радикализира и милитаризира Албанците за во иднина својот големоалбански проект да го наметне под закана на сила – тврди Ѓуриќ.

Тој истакна дека Србија „никогаш нема да потклекне пред заканите на непријателите на демократијата и мирот“ и дека ќе вложи политички, дипломатски и „секакви други средства кои ѝ се на располагање“ за да „го скроти пироманот Курти и неговите најекстремни поддржувачи“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот