Ѓурчевски во „Утрински брифинг“ го разоткри криминалот во ФФМ

Поранешниот член на УО на ФФМ, Љубомир Ѓурчевски е еден од заговорниците на законитост и ред. Ѓурчевски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ја истакнува и темата за јавна промоција на случувањата во ФФМ.

Велат каде се парите таму е криминалот, барем што се однесува на македонската транзиција и пост транзиција. Она што многумина сметаат дека е фудбалски натпревар очогледно е дека станува натпревар на моќ и натпревар за пари. Криминалот ги „тресе мрежите“ на ФФМ. Објавени се сомневања за евентуална проневера на пари од поранешен финансиски раководител во ФФМ.

Поранешниот член на УО на ФФМ, Љубомир Ѓурчевски е еден од заговорниците на законитост и ред. Ѓурчевски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ја истакнува и темата за јавна промоција на случувањата во ФФМ.

Годинешниот буџет на ФФМ е 14 милиони евра. 99 посто од буџетот на ФФМ го сочинуваатдонации од ФИФА и УЕФА. Максимум до 500.000 евра се домашни средства, одговорајќи на прашањето колкав е буџетот на ФФМ и од каде се „репарираат“ парите.

Целата надлежност на контролата и трошењето на парите е на УО и на претседателот на ФФМ, со што ФИФА и УЕФА го задржуваат правото на мониторирање на проекти кои се финансирани со нивни пари.

-Онаму каде што е осомничена сметководителката, дека сторила таква проневера не е можна доколку од страна не стои помагање на одговорние лица, затоа што во платниот промет во Македонија постојат овластени потписници на налозите на сметките, било тоа и електронско плаќање. Овластени потписници во ФФМ се одговорнот лице кое ја застапува федерацијата во платниот промет како и други лица од УО за кои се дадени овластувања за потписници. Тие се главни сторители на кривичното дело злоупотреба на службена причина. Кога се носи налогот на потпис, сметководителот мора да образложи што се плаќа, кое фактурирање итн- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ Ѓурчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот