Ѓумбирот и слабеењето, еве како ги топи мастите

ѓумбир

Ѓумбирот е препорачлив во секоја диета, значително помага за намалување на телесната тежина, делува како уништувач на масните наслаги, но сепак тоа не е волшебно апче за слабеење и иако се познати неговите позитивни страни, треба да се внимава во која количина дневно го употребуваме, но и дали правилно го употребуваме за да имаме ефект.

Како ѓумбирот ни помага да ослабнеме?

Ѓумбирот е вазодилататор, што значи дека помага да се зголеми дијаметарот на малите артерии и ја подобрува циркулацијата на крвта. Зголемување на протокот на крвта и циркулацијата обично доведува до мал пораст на температурата на телото, наречен термогеничен ефект, кој пак го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории. Ваквите студии се докажани. Докажано е и дека ѓумбирот помага за намалување на холестеролот, дека е природен уништувач на мастите и дека го подобрува варењето на храната.

Оттука е неспорна неговата употреба и препорака во секоја диета. Но дали правилно знаеме да го употребуваме за да помогнеме во процесот на слабеење?

Колку често треба да го употребуваме при диета?

Со оглед на тоа дека не станува збор за волшебно апче за слабеење, за да ги почувствуваме ефектите од ѓумбирот за ваквата цел, треба да го користиме секојдневно недела-две, па и цел месец. Уште по првите употреби ќе забележиме намалување на апетитот и зголемување на енергијата. Значи само секојдневната употреба на ѓумбир во диетниот режим ќе даде позитивни резултати. И тоа во точно дефинирани количини, за кои ќе прочитате подолу во текстот.

Како да го употребуваме?

Најдобро е да се користи свеж ѓумбир, односно корен од ѓумбир. Се отстранува кората, коренот се ренда, и потоа се додава во свежо цеден сок од лимон (наутро) или се наросува на свежата салата (на пладне). Пожелно е да се избегнува неговата употреба навечер, бидејќи може да предизвика несоница или блага вознемиреност.

За оние кои не можат да го поднесат лутиот вкус, препорачлив е прашок од ѓумбир, пред чајот од ѓумбир. Пазарот е полн со најразлични производители на вакви чаеви, а некои од нив имаат и сомнителен квалитет.

Прашокот од ѓумбир е се употребува како зачин, како додаток не само во салатата туку дури и во печеното месо, па и во цедените сокови. Но за ефективна поддршка на диетата, од него треба да се употребуваат 2 лажици дневно.

Која количина на ѓумбир е совршена при диета?

Децата на возраст до 10 години не смеат да користат во исхраната повеќе од 2 милиграма корен од ѓумбир на ден.

Возрасните, без разлика на гојазноста, треба да го лимитираат внесот на ѓумбир на максимум 4 грама дневно. Медикал Мериленд Центарот кој го спроведе ова истражување тврди дека поголема доза од 4 грама дневно може да предизвика тахикардии и вознемиреност.

За бремените жени препорачлива здрава доза е 1 грам дневно, според Здравствениот универзитет Мичиген. И докторите од Медикал Мериленд Центарот даваат иста препорака, велејќи дека кога се трудниците во прашање, најсоодветна и здрава доза би била по 250 милиграми четири пати во денот.

Користењето на ѓумбирот во диетите треба да го заборават сите оние кои имаат срчеви и крвни заболувања и диабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот