Ѓукиќ: Сè освен полуфинале во ЛШ ќе биде неуспех за Вардар 1961!
Едно од новите засилувања од следната сезона, српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ очекува многу подобри резултати на Вардар 1961 во Лигата на шампионите.
Во интервјуто за „Балкан-Хандбал“, 26-годишниот Ѓукиќ кој е десно крило, но може и да настапува како десен бек, очекува „црвено-црните“ повторно сериозно да се борат за пласман на Фајнал-фор турнирот во Келн:
– Евидентно е дека квалитетот на македонската лига значително се зголемува, добро е што ќе имаме силни натпревари и во домашното натпреварување. Веројатно ќе биде малку потешко што сега од почетокот на сезоната ќе играме во домашното првенство, не е лесно на три фронта.
Не гледам проблем со споменување на пласман на „Фајнал-фор“. Според мене, ништо помалку од тоа не може да се очекува од Вардар. Да бидеме реални, сè што е под полуфиналето е неуспех. Ќе видиме, тоа е нов тим, нов тренер, треба да ги составиме коцките. Доколку има навивачи на трибините, треба да очекуваме уште повеќе од нас следната сезона, бидејќи сите добро знаеме дека навивачите на Вардар се најдобри во Европа.
Јас навистина би сакал да ја почувствувам таа атмосфера, ја искусив како противник на Вардар, но ова би била сосема друга ситуација, пред сè многу попријатна за мене – се зборовите на Ѓукиќ.
Вардар 1961 со покани за настап на турнирот во Струга и „Хумел купот“ во Магдебург