Ѓукановиќ го обвини Белград дека работи на проект „Голема Србија”

Мило Ѓуќановиќ и Александар Вучиќ / Економски форум во Тирана, 28 мај 2015 / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го обвини Белград дека работи на проект „Голема Србија”, во чиј центар, како што наведе е Црна Гора.

„Сведоци сме на повампирување на политиката од 90-те години на минатиот век со нескриени амбиции на ретроградни сили да ги постигнат своите цели од тоа време со други средства. Во центарот на големодржавните планови и проекти за жал се наоѓа и Црна Гора, на која се гледа како важен дел од српскиот свет и нова синтагма за проектот Голема Србија, изјави Ѓукановиќ синоќа на трибина во Никшиќ.

Изборите во Никшиќ ќе се одржат в недела, на 14 март, во атмосфера на голема напнатост.

Ние многу добро знаеме, рече тој, каква беше „улогата на Србија и Српската православна црква во подготовката и реализацијата на најновата офанзива на тој историски застарен концепт за време на парламентарните избори во август минатата година”.

Тој рече дека во кампањата за локалните избори во Никшиќ, таа улога е уште поагресивна и поотворена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот