Ѓукановиќ до Владата: Веднаш затворете ги границите и воведете најстроги епидемиолошки мерки

Мило Ѓукановиќ/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки.

– Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на ковид-19 се алармантни, објави Ѓукановиќ на Твитер.

Институтот за јавно здравје денеска објави дека во изминатите 24 часа, 18 пациенти починале од последиците на коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот