Ѓукановиќ: Црна Гора нема да го повлече законот за слобода на вероисповест

Тој посочи дека во врска со законот има многу манипулации, а основна е таа дека овој закон ја легитимирал намерата на државата да го заплени имотот на СПЦ во Црна Гора.

По бројните литии и протести кои деновиве се одржуваат во Србија, поврзани со најновиот српско-црногорски црковен и дипломатски спор околу законот за слобода на вероисповеста, белградски Танјуг денес го објави интервјуто со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое тој порача дека законот нема да се повлече и оцени дека „масовните протести ги смета суштински за политички, иако „облечени” во црковна облека, со нагласен просрпски карактер, кои не можат да ја загрозат власта, ниту политиката што ја води власта.”

– Ако мислевме дека законот треба да се повлече, ние сигурно немаше да го донесеме, кажа Ѓукановиќ, додавајќи дека црногорската Влада ја повика СПЦ на дијалог „да разговараме како да се спроведе законот”.

Тој посочи дека во врска со законот има многу манипулации, а основна е таа дека овој закон ја легитимирал намерата на државата да го заплени имотот на СПЦ во Црна Гора.

-Тоа е брутална измислица и замена на тезите, оцени Ѓукановиќ, наведувајќи дека имотот на СПЦ е всушност сопственост на државата Црна Гора и дека е узурпиран од 1986 до 2000 година, што е потврдено со „историски факти”.

Прочитајте и...  Утре истекува рокот за потврдување или корегирање на даночниите пријави

Законот, додаде тој, нема да ја загрози верската слобода на српскиот народ во Црна Гора, ниту ќе им го одземе правото на користење на црквите и манастирите, кои и досега ги користеше Српската православна црква.

Ѓукановиќ е убеден дека обновувањето на автокефалноста на Црногорската православна црква ќе придонесе за надминување на недоразбирањата и расколите во православното битие на Црна Гора.

-Наша идеја не е да арбитрираме помеѓу две православни цркви и да и помогнеме на едната од православните храмови да ги протера верниците од друга црква, само затоа што се православни и припадници на друга национална заедница. Нашата идеја е да создадеме институционални претпоставки сите верници, без оглед на нивната етничка припадност, да можат слободно да ги задоволат своите религиозни потреби, изјави црногорскиот претседател.

На прашањето како ги гледа обвиненијата на дел од црногорската влада на сметка на Белград, меѓу кои е и српскиот претседател Александар Вучиќ, дека стојат зад обидите да се разниша политичката сцена во Црна Гора, односно дали му пречи што претседателот на Србија ги подржува правата на СПЦ и правата на српскиот народ во Црна Гора, Ѓукановиќ оцени дека Белград не ја разнишал Црна Гора и дека сеуште е свежо сеќавањето на 90-тите години и обидот за регулирање на правата на српските граѓани во другите земји во регионот.

Прочитајте и...  Виц на денот - Крштевање

-Како сето тоа заврши, можевме да видиме, порача тој со оценката:„Несоодветното, невнимателното решавање на овие прашања, повикувајќи се на грижата за правата на Србите каде и да живеат може да доведе до несоодветен петернализам и опасна закана за суверенитетот на другите држави во нашиот регион.

На прашањето на чија адреса е упатено ова предупредување, Ѓукановиќ одговари: „На сите кои така постапуваат”.

-Деновиве можевме да прочитаме одредени изјави на високи официјални претставници на Белград, вклучувајќи го и претседателот Вучиќ. Тој зборуваше за неговото легитимно право да се грижи за позицијата на граѓаните со српска националност, бидејќи во Црна

Гора ги има околу 28 проценти. Се разбира, јас го разбирам неговиот интерес за положбата на српското малцинство во Црна Гора, но при елаборирање на таквата политика, тој се осврна и на Србите во Црна Гора, како дел од единствениот српски национален корпус, кој би требало да го следи заедничкиот национален интерес, кој, логично, се дефинира во Србија. А веднаш потоа можевме да го чуеме и незадоволството од присуството на Србите во државните тела на Црна Гора, забележа Ѓукановиќ.

Прочитајте и...  Млад жител на Делчево затворен во домот поради неисправниот лифт, му помагаат соседите (ФОТО)

Тој потенцираше дека граѓаните на Црна Гора, од која било националност, треба да ги почитуваат и да ги штитат националните интереси на Црна Гора, а не на другите држави.

Запрашан дали има намера да ја посети Србија, со оглед дека таквата покана му ја упатил Александар Вучиќ и дали претседателот на Србија може да очекува слична покана, бидејќи на некој начин му била испратена порака дека не е добредојден во приватна посета на Бадник во Црна Гора, Ѓукановиќ вели дека е подготвен за разговор.

-Знам дека имам отворена покана. Претседателот Вучиќ има исто така отворена покана. Претседателот на Црна Гора беше последен што ја посети Србија, што значи дека претседателот на Србија сега треба да ја посети Црна Гора, потсети Ѓукановиќ, кој додаде дека во сите разговори што ги имал досега, тој и Вучиќ ја истакнале отвореноста на повикот.

Прочитај повеќе

Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Слободен печат

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО

Слободен печат

Ова е новиот лик на Клиничкиот центар во Скопје (ФОТО)

Слободен печат

Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Слободен печат

Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Слободен печат

Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Слободен печат

Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Слободен печат

Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Слободен печат

Афера „респиратори“: Обвинителството на БиХ бара притвор за премиерот Фадил Новалиќ

Слободен печат

Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Слободен печат