Ѓукановиќ: Црна Гора ќе има парламентарни избори на 30 август

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за 30 август распиша парламентарни избори во неколку општини.

Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, се вели во соопштението на претседателот.

Според неговиот кабинет, Ѓукановиќ одлуката ја донел по консултациите што ги одржа на 16 јуни со претставници на парламентарните партии и коалиции.

Одлуките на претседателот на Црна Гора влегуваат во сила на денот на нивното донесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот