Гухт: Нов бран на Ковид-19 можен уште во август

Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин” на земјите на зима со цел да се намали ширењето на инфекцијата.

Белгискиот Федерален центар за јавно здравје предупредува дека постојат сценарија за нов, поголем бран на зараза со Ковид-19 уште во август, но оти е можен и трет бран.

– Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно може да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата, изјави белгискиот епидемиолог Стивен Ван Гухт.

Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин” на земјите на зима со цел да се намали ширењето на инфекцијата.

– Се зависи од тоа колку ќе успееме да го адаптираме нашето однесување на новонастанатата ситуација и колку ќе биде успешна стратегијата за следење на контактите, се наведува во соопштението на белгискиот Центар за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот