Гугл во борба со дезинформациите за пандемијата

Речиси половина од населението на Земјата е повикано да остане дома за да се запре ширењето на пандемијата.

Гугл денеска соопшти дека намениле 6,5 милиони американски долари за организации за проверка на факти, додека лажните вести и опасните препораки за Ковид-19 продолжуваат да се шират низ Интернет.

Големите дигитални платформи споделија соопштенија оваа недела да ја покажат својата посветеност за доверливи информации и поддршка за граѓаните во изолација.

Речиси половина од населението на Земјата е повикано да остане дома за да се запре ширењето на пандемијата.

– Новинарите, аналитичарите и волонтерите за проверка на факти „се соочуваат со експлозија на побарувања во својата работа, посочува Алексиос Мантарлис од Google News Lab.

Покрај финансирањето, Гугл планира да им го олесни на новинарите и невладините организации пристапот до експерти и бази на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот