Гугл тајно ги собира НАЈИНТИМНИТЕ ПОДАТОЦИ на корисниците!

Американската јавност е шокирана од веста дека при деловна соработка помеѓу компанијата Гугл и големиот ланец на болници и осигурување Асеншн, на технолошкиот гигант му биле проследени најинтимните здравствени податоци на 50 милиони Американци, без нивно знаење. За работата да биде полоша, податоците не се анонимни, открива извор на Гардијан, изразувајќи сериозна загриженост заради програмата и заради откриените податоци.

За помалку од 48 часа американските власти најавиле истрага за партнерството. Гугл и Асеншн тврдат дека во потполност го почитуваат Законот за заштита на здравствените податоци, но нема многу причини за јавноста да им верува.

Изворот кој исто така работел на проектот во почетокот бил многу возбуден што учествува во таков иновативен проект, бидејќи Гугл се претставувал како важен учесник во здравствениот сектор.

Меѓутоа со тек на времето тој се загрижил за приватноста и безбедноста на проектот, а според неговите зборови многу од колегите мислеле истото.

– После извесно време дојдов до точка каде што сметав дека сум сведок на нешто што е премногу важно за да молчам. Ме прогонуваа две едноставни прашања: Дали пациентите знаат за трансферот на податоци на технолошкиот гигант и дали треба да бидат известени и да им биде дадена прилика да одлучат дали се согласуваат или не – вели изворот.

Покрената била сојузна истрага за тоа дали мерките на Законот биле во потполност почитувани.

Реагирајќи на најновиот скандал, новинарката на Гардијан Џули Вонг го раскажала случајот на другарката, која била вклучена на Фејсбук на својот телефон, кога добила реклама за „наочари за сонце против пигментација“.  Во рекламата пишувало дека наочарите спречуваат мелазма, вид на хиперпигментација која често се јавува кај жените, особено за време и после бременост.

– Мојата другарка, мајка на три деца, има мелазма под очите, но никој не го знае тоа, бидејќи ја маскира со течна пудра и никогаш немала ставено фотографија на социјалните мрежи без шминка, рекла новинарката.

Нејзината другарка рекла дека „тоа значи дека Фејсбук не шпионира преку камерите, дури и ако само гледаме во неа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот