„Гугл” својата прва продавница ќе ја отвори во Њујорк

Простории на Гугл во Кина /Фото: Профимедиа

Гугл” (Google) денеска најави отворање на своја прва продавница за малопродажба во Њујорк, каде компанијата има голема регионална канцеларија, каде се вработени околу 11.000 луѓе.

– Во продавницата на „Гугл”, клиентите ќе можат да купуваат широк избор на производи од „Гугл”, почнувајќи од телефоните „Пиксел”до производите „Нест”, уредите „Фитбит” до „Пикселбукс”, нагласи потпретседателот на Гугл, Џејсон Розентал.

Тој најави дека производите ќе можат да се купуваат и преку интернет на „Гуглстор” (GoogleStore.com) и да ги подигнат своите нарачки во продавницата.

– Новата продавница на Гугл е важен следен чекор во нашето хардверско патување за обезбедување на најкорисно искуство на Гугл, каде и кога и да им е потребно на луѓето, посочи Розентал.

Додека Епл ги интегрираше своите физички продавници во својата маркетинг стратегија, Mајкрософт минатата година објави дека трајно ги затвора своите малопродажни објекти, освен неколку што ќе се користат како „центри за искуство”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот