„Гугл“ обвинет за измама на корисници

„Гугл” ги отфрла обвиненијата за измама на клиентите, истакнувајќи дека промените воведени во 2016 година биле необврзни и оти потрошувачите биле замолени за нивна дозвола.

Австрилската агенција за конкурентност и заштита на потрошувачите покрена судска постапка против „Гугл”, тврдејќи дека компанијата ги измамила своите потрошувачи како во значителна мерка би собрала податоци од повеќе причини, вклучително и целно рекламирање.

Агенцијата пред австралискиот Сојузен суд се обидува да докаже дека „Гугл” прописно не ги информирал своите корисници и не добил дозвола за одлуката од 2016 година за обединување на нивните лични податоци од „Гугл” со нивните активности со другите страници, што не се поврзани со најпознатиот интернет пребарувач, при тоа користејќи ја „Гугл” технологијата.

– Веруваме дека голем број потрошувачи, ако им бил понуден информативен избор, можеби би одбиле „Гугл” да ги обедини и користи нивните податоци за финансиска добивка на компанијата, изјави претседателот на АЦЦЦ, Род Симс.

„Гугл” ги отфрла обвиненијата за измама на клиентите, истакнувајќи дека промените воведени во 2016 година биле необврзни и оти потрошувачите биле замолени за нивна дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот