Гугл на неопределено ги затвори сите канцеларии во Кина

Простории на Гугл во Кина /Фото: Профимедиа

Гугл има канцеларии во Пекинг, Шенжен, Гвангжу, Шангај и Хонгконг, како и пет канцеларии во Тајван.

Стравувањата од коронавирусот го натера гигантот Гугл да ги затвори сите своите канцеларии во Кина, но и во Хонгконг и во Тајван. „The Verge“ јавува дека канцелариите на Гугл се затворени поради прославата на кинеската Нова година, но ќе останат затворени неопределен период.

Гугл има канцеларии во Пекинг, Шенжен, Гвангжу, Шангај и Хонгконг, како и пет канцеларии во Тајван.

Портпаролот на Гугл рече за „The Verge“ дека канцелариите се затворени во согласност со насоките на владата. Компанијата ги советуваше вработените кои во моментов се во Кина, како и оние на кои блиски роднини им се враќаат од Кина, да се вратат дома што е можно побрзо и да работат од дома најмалку 14 дена од нивното враќање.

Пребарувањето на Гугл не е достапно во Кина поради претходните напанатости со кинеските власти, но компанијата има четири службени канцеларии во Кина кои се посветени на вештачката интелигенција и „cloud“ технологијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот