Гугл ќе си плаќа данок во државите кај што прави профит

Технолошкиот гигант, Гугл изрази подготвеност за меѓународен договор со кој ќе се предвиди мултинационални компании да плаќаат повеќе даноци во државите каде прават профит, а не во државата каде се регистрирани.

– Поддржуваме движење кон нови меѓународни и глобални механизми за начинот на кој се воведува данок за мултинационални компании, напиша на блог Каран Батија, висок претставник од американскиот технолошки гигант.

Според него, корпоративниот данок е важно средство за тоа компаниите да дадат свој придонес кон држави и заедници каде се прави бизнис.

– Сакаме да бидеме фискална средина каде луѓето ќе ја сметаат за разумна и соодветна, додава тој.

Батија изрази сомневање дека ако нема меѓународен договор некои држави може да воведат дискриминациски даноци за странски компании во различни сектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот