„Гугл“ и „Твитер“ го засилуваат фронтот против лажни вести во пресверт на изборите во САД

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

„Гугл“ и „Твитер“ најавија дека ќе преземат дополнителни чекори за спречување на ширењето на дезинформации во пресрет на американските претседателски избори на 3 ноември. „Би-Би-Си“ наведува дека тоа особено ќе важи за објавување на изборната победа пред да се добие официјална потврда на резултатите.

„Твитер“ соопшти дека поагресивно ќе ги обележи или отстрани неточните најави поврзани со изборите, додека „Гугл“ ќе отстрани невистинити информации за резултатите од пребарувањето.

Експертите сметаат дека еден од факторите што може да поттикне дезинформации за изборите е фактот дека, поради пандемијата на коронавирусот, многу гласачи ќе гласаат по пошта, што ќе доведе до одложување на пристигнувањето на резултатите од изборите.

Исто така, постои страв од мешање однадвор. „Мајкрософт“ вчера предупреди дека хакери, наводно, поврзани со Русија, со Кина и со Иран, се обидувале да шпионираат луѓе и групи кои водат кампања за претседателските избори во САД.

Како што беше најавено, меѓу сторителите има и група руски хакери кои, пред четири години, без одобрение се вклучија во изборната кампања на американската Демократска партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот