Гугл и Фејсбук бараат од вработените во САД да се вакцинираат пред да се вратат во канцелариите

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Гугл и Фејсбук ќе побараат од своите вработени да се вакцинираат против коронавирус пред да се вратат во канцелариите, соопштија денеска двата технолошки гиганти.

На својот блог извршниот директор на Гугл, Сундар Пичај наведе дека задолжителната вакцинација ќе важи за канцелариите во САД во наредните недели и можеби ќе биде неопходна и на други локации, пренесе Ен-Би-Си.

-Вакцинирањето е еден од најважните начини да се зачуваме себеси и нашата заедница здрави во претстојните месеци, порача Пичај.

Набргу по објавата на Гугл, се јави и Фејсбук, кој исто така најави дека секој кој сака да дојде на работа во канцеларија во САД во наредните недели мора да биде вакциниран.

Засега, останатите големи технолошки компании, меѓу кои се и Епл и Амазон, одбија да наложат задолжителна вакцинација, додека во Мајкрософт вакцинацијата не е задолжителна, но е препорачана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот