Гуаидо: Диктаторското владеење ја уби можноста за разговори со Мадуро

Хуан Гуаидо / Фото: Архива

Гуаидо, самопрогласен привремен претседател на Венецуела, но поддржан од поголемиот дел од меѓународната заедница, се наоѓа на европска турнеја, со што директно се спротивстави на забраната за патување и ризикувајќи да заврши во затвор.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска ја отфрли можноста да учествува во разговори со претседателот Николас Мадуро, откако шефот на таа држава повика на дијалог со САД. На барањето на Венецуела одговори американскиот државен секретар Мајк Помпео кој рече дека преговори нема да има доколку Мадуро не се повлече од власт.

Гуаидо, исто така отфрли можност за преговори, оценувајќи дека „диктаторскиот начин на владеење ја убил таа прилика”.

– Се обидовме да разговараме, нудејќи многу едноставно решение – навистина чесни избори. Диктатурата ја блокираше таа можност, како и многупати претходно, изјави Гуаидо во интервју за Си Ен Ен. Тој го обвини Мадуро за катастрофата и хуманитарната вонредна состојба во земјата, како и за кршењето на човековите права и корупцијата.

Гуаидо, самопрогласен привремен претседател на Венецуела, но поддржан од поголемиот дел од меѓународната заедница, се наоѓа на европска турнеја, со што директно се спротивстави на забраната за патување и ризикувајќи да заврши во затвор. За време на посетата, Гуаидо ги повика европските и американските лидери да престанат да го купуваат венецуелското „крваво злато”, со кое, како што тврди, се финансира режимот на Мадуро и групите кои му се лојални.

Гуаидо вчера имаше средба со британскиот премиер Борис Џонсон, а утре ќе отпатува во давос, каде се надева дека на маргините на Светскиот економски форум би можел да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот