ГТЦ забележа раст на приходите во првото полугодие

ГТЦ / илустрација Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Градски Трговски Центар АД Скопје го објави финансискиот резултат за периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година (Билансот на успех, Билансот на состојба, Паричниот тек и Капиталот и резервите кои се составен дел од неревидираните финансиски извештаи), при што се образложуваат настанатите значајни промени во тековната година споредбено со претходната.

Финансиските извештаи на друштвото се изготвени во согласност со сметководствените стандарди и согласно Правилата за котација бр.02-830/1 oд 19.06.2018 година и задолжението по Решение на Комисијата за хартии од вредност бр.UP1 08-33 oд 23.07.2018 година.

Во шестмесечното работење во 2019 година, Друштвото оствари вкупни приходи од 107.621 илјада денари кои се поголеми за 9%, во однос на претходната 2018 година, а вкупните трошоци изнесуваат 101.296 илјада денари кои се за 12% помали во однос на претходната година.

Остварен е позитивен финансиски резултат во бруто-износ од 6.325 илјади денари.

– Целта на нашето работење е да оставариме позитивни резултати во наредниот период од оваа година со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага нашето Друштво – велат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот