Грузија: По вчерашните протести, претседателот на Парламентот поднесе оставка

Фото: Принтскрин

Денеска претседателот на Парламентот на Грузија Иракил Кобакиѕе денеска поднесе оставка, еден ден по насилните протести околу зградата на Собранието.

Во синоќешните протести во Тбилиси беа повредени повеќе од 200 луѓе, откако полицијата употреби солзавец и гумени куршуми, соопшти грузискиот министер за здравство Заза Бокуа и додаде дека половина од повредените се уште се во болница.

Демонстрантите, испровоцирани од посетата на руски пратеник, синоќа се обидоа да упаднат во Парламентот, пробивајќи го полицискиот кордон и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми. Немирите избија по говорот на пратеникот на Долниот дом на рускиот Парламент.

Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање во оваа земја, која е сојузник на САД. Тбилиси водеше и ја изгуби кусата војна со Москва во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот