Грушко: Санкциите кон Русија и штетат на економијата на ЕУ

Александар Грушко, заменик-министер за надворешни работи на Русија

Политиката на санкции на ЕУ кон Русија продолжува да и штети на економијата на ЕУ, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

– Тие ги продолжуваат (санкциите) на секои шест месеци. Искрено, не очекувавме ништо поразлично. Тие и натаму и штетат на сопствената економија – рече Грушко коментирајќи ја релевантната одлука на ЕУ.

Шефовите на држави и влади на Европската унија вчера усвоија политичка одлука за продолжување на економските (секторски) санкции против Русија, која завршуваат на 31 јануари 2020 година.

Одлуката стапува на сила откако ќе биде одобрена од Советот на ЕУ и објавена во Службениот весник на ЕУ. Рестриктивните мерки важат за 20 руски финансиски, нафтени и одбранбени субјекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот