Грушко: Приемот на Финска и Шведска во НАТО ја комплицира ситуацијата на Балтикот

Александар Грушко/ Фото EPA/OLIVIER HOSLET

Заменик шефот на руската дипломатија, Алекасндар Грушко, денеска изјави дека приемот на Финска и Шведска во НАТО може да ја влоши воената ситуација во регионот на Балтичко Море.

-Ако ја следиме логиката на мадридските одлуки, тогаш откако пристапувањето ќе биде финализирано, НАТО ќе почне да зборува дека најголема ранливост има на руско-финската граница, која мора да се заштити, а тоа се 1.300 километри, па затоа ќе биде потребно распоредување на трупи, оружје, итн, рече Грушко во текот на разговорот во Меѓународниот клуб Валдај, пренесе Тасс.

Според него, сето ова ќе доведе до влошување на регионалната безбедност, значително ќе се искомплицира ситуацијата воопошто на северот, ќе се ограничи можноста за мирна соработка која сега е толку барана во овој дел од Европа и воопшто во овој дел од светот.

-А тоа најсериозно ќе ја влоши воената соработка во регионот на Балтичко Море, која, како резултат на ширењето на НАТО, на военото искористување на територијата на новите членки, ќе се претвори во сцена, ако не на воена конфронтација, тогаш во целосно непотребно воено ривалство од воено најмирниот регион во Европа, рече заменик шефот на руската дипломатија, Александар Грушко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот