Групна тепачка напладне во кафеана во Тафталиџе, со нож ранет млад скопјанец

Фото: МИА

Тепачка меѓу петмина учесници се случила вчера околу пладне во скопската населба Тафталиџе, а во неа 30-годишен скопјанец е повреден со нож, соопшти МВР.

„На 28.11.2022 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Лондонска” во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу три лица, од една страна, и Д.Ј.(30) од Скопје и уште едно лице, од друга страна. При пресметката бил употребен и остар предмет, од кој со повреди се здобил Д.Ј., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот