Групите за човекови права во Африка со силна реакција на однесувањето на полицијата: „Тие уживаат да ги напаѓаат граѓаните“ (ВИДЕО)

Во некои делови од Африка каде земјите воведуваат полициски час и карантин околу големите градови, како мерки за заштита и превенција на ширење на коронавирусот, прераснаа во насилство.

Надлежнните, како што тврдат групите за човекови права, ги злоупотребуваат новите овластувања.

Здравствените експерти велат дека вирусот се шири, иако се уште е во рана фаза и бројот на заразени на африканскиот континент ја премина бројката од 4.000, пренесува „АП“.

Во Кенија полицијата фрли солзавец на работниците на комуналните служни и првиот ден од полицискиот час е навистина хаотичен. На други места, полицајците се снимени со мобилни телефони како ги тепаат граѓаните.

Веднаш по воведувањето на тринеделната забрана за движење во петокот во Јужна Африка полицијата во ценарот ги нападнала бездомниците, а некои ги удирала со палки. Граѓаните пријавиле дека некои од полицајците употребувале и гумени куршуми, посочуваат медиумите. Уапсени се 55 лица.

Во Зимбабве групите за човекови права ја критикуваат полицијата за пречекорување на нивните овластувања, а во понеделник на сила стапува полицискиот час.

Пречекорување на овластувањата на полицијата е забележано и во Кенија, се тврди во соопштение на локалниот огранок на Амнести интернешнл и уште 19 групи за човекови права.

– Континуирано добивање сведочења на жртви, очевидци и видео-снимки кои покажуваат дека полицијата ужива во напаѓањето на граѓаните во разни делови на земјата – се вели во соопштението.

Полицијата во Момбаса пред почетокот на полицискиот час исфрлила солзавец на повеќе стотици луѓе кои се обидувале да влезат во траект на едно пристаниште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот