Групата „Нокаут“ победник на 35. издание на „Макфест“

Слободен печат

На плоштадот „Слобода“ во Штип вечерва се одржа 35. издание на најголемиот македонски фестивал на забавна музика „Макфест“.

На сцената пред публиката продефилираа 24 натпреварувачи кои се обидоа да ја освојат публиката и жири комисијата со своите песни.

Победник на 35. издание на „Макфест“ е групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“.

„Нокаут“/фото: Михаило Донев, Слободен печат

Втора награда: Ѓоко Таневски – „Ден по ден“

Трета награда: Омер Џаферовски – „Ако те изгубам“ 

Најдобар сценски настап: Виктор Апостоловски – „Срца камени“

Најдобар дебитант: Полина – „Сѐ се врти во круг“

Изненадување на вечерта беше изведбата на Глигор Копров/фото: Михаило Донев, Слободен печат
Александар Митевски и Драган Спасов-Дац/фото: Михаило Донев, Слободен печат
фото: Михаило Донев, Слободен печат

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот