Групата на социјалисти и демократи во ЕП со порака до Борисов: Повлечете ја блокадата за С. Македонија

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент го повикаа премиерот на Бугарија, Бојко Борисов да го повлече ветото за усвојување на преговарачката рамка на Европската Унија (ЕУ) со С. Македонија.

– Бугарскиот премиер Бојко Борисов мора да ја прекине неговата срамна блокада на евроинтегративниот процес, само за да ја сочува неговата коалиција со тврдокорните националисти. Пристапните преговори со Северна Македонија треба да започнат до крајот на годинава, се наведува во твитер акаунтот на групата на Социјалистите и демократите во Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот