Групата „Мајките на Сребреница“: Да му се одземе Нобеловата награда на Хандке

Фото: МИА

Нобеловиот комитет да ја повлече одлуката да му се додели Нобелова награда за литература на Петер Хандке, бара таканаречената група „Мајките на Сребреница“, која ги обединува роднините на жртвите на „најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна“.

Австрискиот автор важи за контроверзна личност во одредени земји поради неговата поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ за време на војните кои ја растурија Југославија.

„Оваа одлука нѐ навреди и нѐ боли. Мајките на Сребреница ги изгубија своите синови, сопружници и браќа и Нобеловиот комитет требаше да знае кој е тој човек“, изјави Мунира Субашиќ од „Мајките на Сребреница“.

Освен што се спротивстави на нехуманото бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, поради што одби да прими угледни литературни награди во Германија, тој исто така го негираше популарниот наратив за геноцидот во Сребреница.  Хандке, кој одржа говор на српски на погребот на Милошевиќ, изјави дека ја чувствува среќата на Србите за наградата што ја добива.

„Вечерва ќе се напијам чашка српска ракија и чаша бело вино“, изјави Хандке за српската државна телевизија.

Косово, Албанија и ПЕН Америка исто така ја критикуваа одлуката на Нобеловиот комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот