Групата Г7 предупредува: Руската анексија на Крим „нема да биде призната“

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Групата седум економски најразвиени земји (Г-7) ја предупреди Москва дека нема да прифати окупација на полуостровот Крим од страна на Русија, се наведува во заедничката изјава по повод седмата годишнина од анексијата што тие ја сметаат за незаконска.

– Ние недвосмислено ја осудуваме привремената окупација од страна на Русија на Автономната Република Крим и градот Севастопол. Обидите на Русија да го легитимира тоа не се признаваат и нема да бидат признаени, наведе Г-7, во која се вклучени САД, Канада, Велика Британија, Германија , Франција, Италија и Јапонија.

– Ја повикуваме Русија да ги почитува своите меѓународни обврски, да дозволи пристап на меѓународните набудувачи и веднаш да ги ослободи сите што биле неправедно приведени, инсистираат седумте земји.

Предупредувањето доаѓа во моментот кога ескалацијата на борбите во источна Украина против сепаратистите поддржани од Русија го поткопува примирјето постигнато минатата година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повика на самит со европските земји и ја пласираше идејата за директна средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, во обид да се стави крај на насилството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот