Групата „Фолтин“ тргнува на домашна турнеја со концерти во Струга, Прилеп и Велес

Јубилејот 25 години од првиот концерт е повод популарната битолска група „Фолтин“ да тргне на мини-домашна концертна турнеја. Во рамките на турнејата најавени се концерти во Струга (Летна сцена на НУЦК) на 25 јули, Прилеп (Летна сцена на НУЦК) на 29 јули и во Велес (Амфитеатар) на 31 јули.

Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура во Струга и Прилеп, како и со Општина Велес.

Групата „Фолтин“ се наоѓа во фаза на најзрела уметничка дејност. Неодамна во Скопје го промовираше своето најново студиско издание „Симултан бакнеж“. Станува збор за албум со четири песни снимени во Студио „Алшар“ – Скопје, во декември 2020 година.

На најавените концерти ќе ги промовираат најновите песни, но ќе ги свират и своите најубави стари песни. Почетокот на трите концерти е во 21 часот, а влезот ќе биде бесплатен.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 90, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот