Групата „Ареа“ има нова песна – „Те спомнувам“ (ФОТО)

Фото: Промо

Ареа после една година повторно има нова песна поткрепена со видео запис, насловена како „Те спомнувам“.

Песната е целосно авторско дело на членовите на групата – текст, музика, аранжман, снимање и продукција.

Фото: Промо

– Спотот е сниман на неколку локации во нашиот  роден град Гостивар,  во Градскиот парк, рок барот Pink Floyd и на сцената во Домот на културата.Режисер на видеото е  Кристијан Шемко. Генерален спонзор на спотот е исто така успешна фирма од Гостивар, Циклама инжинеринг – вели Ивица Брчиовски.

Во него покрај членовите на Ареа, се појавиваат и Елена, ќерка на Ивица и Ружица Брчиоски, во улога на придружен вокал  и млади артисти.

– Им благодариме од срце на Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои направија овој спот да биде исполнет со ведрина и радост. На крајот на краиштата животот е радост и така треба и да биде – дополнува Брчиовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот