Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и Апекс Македонија самоиницијативно ги стопираат угостителските услуги од 23 до 07 часот

Како општествено одговорни компании, целосно свесни за сериозноста и ризиците од зголемувањето на бројот на новозаразени од „Ковид-19“, тргнувајќи од неспорниот факт дека врвен приоритет во моментов е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, чии членки се Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), Апекс Македонија, ја известува јавноста за следното:

Без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме. Во наредниов период нема да  се послужуваат пијалаци во периодот од 23 до 07 часот. Сметаме дека со оваа наша одлука ќе им помогнеме на државните институции полесно да ги спроцел да се обезбеди максимален ефект од ново воведените безбедносни мерки.

Истовремено, како претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се предвидени и најситните детали за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. Потврда за тоа е фактот дека до сега не постои кластер на заразени  преку наши вработени. Целиот изминат период имавме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата.

Асоцијација на приредувачи игри на среќа АПИС


Koмерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот