Групацијата Новоматик демантира дека во нивните објекти наводно се организира проституција

Ма Гаминг ДООЕЛ Скопје ги демантира искажаните обвинувања од Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, за наводна проституција на јавни простори.

– Згрозени сме од леснотијата со која градоначалникот изнесува обвинувања за наводна проституција која според неговите тврдења се организирала во нашите објекти. Ние сме претставници на инвеститори од земји членки на ЕУ, каде работат и сопруги и мајки, и ширењето на вакви лаги може да предизвикаат семејни неприлики за нашите вработени, кои очигледно се цел на приземна негативна кампања која нема никаква врска со реалноста. Истовремено, ова претставува
сериозен напад и кон угледот на нашата компанија, бидејќи неосновано сме обвинети за незаконски дејствија- стои во демантот.

Затоа, велат оттаму, ги повикуваме надлежните институции веднаш да ги преземат сите неопходни дејствија со кои во најкус можен рок ќе ги расчистат овие дрски обвинувања и јавно ќе ги објават резултатите од извршената контрола.

-Групацијата Новоматик Македонија ќе ги информира меѓународните претставници во земјата за начинот на кој се третираат странски инвестиции. Бараме од г-динот Коцевски друг пат пред да изнесува разговори со станари со вакви сериозни обвинувања, добро да размисли за последиците врз човечките судбини, кои може да ги предизвикаат ваквите напади врз нечија чест и углед. Тој не е од вчера во политиката за да не може да ја измери тежината на јавно искажаната клевета од градоначалник избран на непосредни избори. Еве, ја користиме приликата да го поканиме да биде наш посетител и лично да се увери дека игрите на среќа се спроведуваат по сите највисоки светски стандарди и се е 100% законски- велат од Групацијата Новоматик Македонија.

Градоначалникот на Велес побарал МВР да испита дала има проституција на јавен простор (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот