Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сивус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ (KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со меѓународната експанзија на компанијата. Согласно купопродажниот договор, Групацијата АРИКОМА ја купува „Сеавус“, компанија за развој на софтвер и консалтинг. Со оваа аквизиција, Групацијата АРИКОМА продира во другите пазари во Европа и ја зајакнува својата позиција во САД.

Во исто време, ја зацврстува својата меѓународна позиција во ИТ-индустријата, со консолидирани приходи од 300 милиони евра, добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) од над 23 милиони евра, и повеќе од 2.800 вработени.

– Оваа аквизиција ја остварува долгорочната стратегија на Групацијата KKCG во полето на информатичките технологии. Уште од основањето на компанијата, преку која ги консолидиравме најголемите играчи на чешкиот ИТ-пазар, имавме визија нареден чекор да биде меѓународна експанзија. Јас сум навистина задоволен што успеавме да ја комплетираме трансакцијата и покрај предизвиците со кои се соочува денешницата, изјави Мајкл Томанек, директор за инвестиции во технологија на Групацијата KKCG.

Групацијата АРИКОМА (платформа за консолидација на ИТ-услуги на Групацијата KKCG) продолжува да ја исполнува својата амбиција да стане најголем европски давател на ИТ-услуги што, според Томанек, ќе опфати група специјализирани компании кои заедно ќе нудат интегриран опсег на услуги за дигитална трансформација.

– Со својот опсег на услуги фокусирани на ИТ-консалтинг, развој на софтвер, имплементација на софтверски решенија и производи за одржување и поддршка, менаџмент на инфраструктури, кибер-безбедност и усогласеност, ‘Сеавус’ совршено се вклопува во портфолиото на Групацијата АРИКОМА, вели Милан Самеш, извршен директор на Групацијата АРИКОМА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот