Груевски: Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот премиер Никола Груевски чиј кум, Ристо Новачевски беше уапсен за „Плацевите на Водно“, истрага во којашто осомничен е и самиот тој, со статус на својот Фејсбук профил пишува дека и новата истрага е политички прогон против него и други луѓе за да се изнудат изјави против него.

Кумот на Груевски спроведен во „Шутка“ (ГАЛЕРИЈА)

-Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта. Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа, напиша Груевски.

Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било…

Publiée par Nikola Gruevski sur Lundi 19 octobre 2020

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека отворена е истрага за „Плацевите на Водно“, а првоосомничен во случајот е Груевски, за кого истрагата покажала дека тој со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра.

Кривичен суд го прифати барањето на Рускоска: Замрзнат имотот на кумот на Груевски, Ристо Новачевски

Разоткриена шемата за перење пари во ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски осомничени уште 5 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот