Груевски со „мајбахот“ и црно капче седна на клупа во унгарскиот суд (ВИДЕО)

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, во ноември минатата година, јавува унгарскиот медиум хвг.ху.

Рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се знаат по завршувањето. Македонија бараше екстрадиција за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април.

Груевски на фотографиите е со црно капче и очилата „мајбах’. Тој има и лисици на рацете.

Фото: Принтскрин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот