Груевски плата не зема, но пензиско и здравствено уште тече

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски како и предлог за реконструкција на Владата на дневен ред пред пратениците да се најдат на иста седница која би се одржала меѓу 10 и 15 јуни, најави на денешниот брифинг претседателот на собранието Талат Џафери.

– Согласно обврските што ги има и секако по добиен соодветен предлог ќе се стават на дневен ред. Пред 10 јуни нема да биде зошто пратениците имаат обврски а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница – рече Џафери.

Вчера Комисијата за мандатното имунитет прашања донесе предлог одлука да му се одземе мандатот на Груевски.

Инаку Груевски во моментов не зема воопшто плата, но се уште му се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

Џафери во одговор на прашање рече дека тој ќе гласа за одземање на мандатот на Груевски затоа што се исполнети законските услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот