Груевски: Невозможно е ОЈО да ми замрзне имот кој го немам

Невозможно е Јавното обвинителство да замрзнало мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично, регаира на Фејсбук поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се уште се наоѓа во бегство во Унгарија по информацијата дека ОЈО замрзнало земјиште и два помали стана во негова сопственост. Според Груевски, нема никаков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала неговата лична инволвираност.

„Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информацијаНевозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”. Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено.

Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот.

Немаат било каков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не непостои.

Затоа, како што стојат работите, повторно како во комунизмот ќе водат постапки со неколку уценети и од нив преплашени сведоци, кои се под големи закани и на кои подолг период им се барани слабости, грешки, или било што со што можат да бидат уценети, во смисла да не им се покрене прогон за истите а за возврат тие да ги потврдат конструираните тези на обвинителството.

Како што веќе споменав дел од овие лица не ги ни познавам лично, други пак не сум ги познавал во време кога се обидуваат да фингираат наводни купувања имот.

Очигледно не им е доволно што ми го прават целиот овој прогон низ годините наназад бидејќи сваќаат дека не им поминаа во поголем дел од јавноста монтираните и ступидни обвиненија па со ова помеѓу останатото имаат цел за нов обид за моја дискредитација во очите на јавноста, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Замрзнат имотот на Груевски по откривањето на двата стана и плацот на Водно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот