Груевски на Фејсбук: Судот го отфрли барањето на криминалната и рекетарска власт во Македонија

Азилантот Никола Груевски, се огласи на својот фејсбук профил откако утринава беше уапсен и донесен на сослушување пред унгарскиот суд во врска со барањето за екстрадиција.

„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски.

Груевски денеска беше приведен и однесен со лисици на рацете во суд, кој пак го одби барањето за негова екстрадиција поднесено од македонските власти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот