Груевски: Изјавата на Протоѓер за земјиштето на Водно е неточна, ова е дел од притисокот врз него

Никола Груевски
Никола Груевски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Обвинителството нема апсолутно никаков доказ дека јас сум купил, а подоцна и продал земјишта и сум купил станови за кои всушност постои писмен доказ дека се изнајмени. Ниту пак може да има доказ, бидејќи такво нешто не се случило, стои во најновата објава на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, која е реакција на сведочењето на неговиот поранешен соработник Мартин Протоѓер, на денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно“.

– Протоѓер кажал дека понекогаш покрај политичките разговори сме разговарале и приватни работи. Всушност денес тој цело време говорел за наводни приватни разговори меѓу нас двајцата без присуство на трети лица, па на крајот и самиот на прашање на еден од адвокатите потврдил дека за тоа што го кажал нема никаков доказ. Оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10 илјади метри квадратни не само што е неточна, туку ценам дека е дел од притисокот и уцената кој врз него систематски се прави од страна на партиски контролираното обвинителство. За волjа на вистината тој веднаш се коригирал на некој начин и тоа со три интервенции, пишува Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот