Груевски има право на апанажа

Пратениците на кои денеска им беа констатирани оставките Павле Богоевски и Никола Груевски имаат право да бараат апанажа.

Богоевски рече дека се уште не решил дали ќе поднесе барање за апанажа.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информираат дека досега Груевски нема поднесено барање за апанажа.

Согласно Законот за пратеници секој пратеник по завршувањето на пратеничката функција може да добива плата во рок од една година. Личното барање како што се наведува во Законот се поднесува до Собранието, односно до Комисијата за избор и именување најдоцна во рок од 30 дена од престанок на функцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот