Груевски и Богоевски се уште не побарале апанажа – Слободен печат
ВестиМакедонија

Груевски и Богоевски се уште не побарале апанажа

Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.

Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close